Dacia Bigster

Bigster


Dacia поставува нови стандарди со својот нов SUV со 5 седишта. Модерниот, елегантен дизајн смело ја нагласува робусноста на Bigster, додека пространата и добро опремена внатрешност обезбедува удобно патување секој ден!
155 КС
Целосна хибридна погонска единица
702 литри
капацитет за багажен простор*
10"
двоен екран
6
Точки за прикачување на YouClip®**
* 667 во литри
** Во зависност од верзијата, до 5 стандардни точки за прицврстување и 2 дополнителни точки на потпирачите за глава се достапни како опционална опрема.

УДОБНОСТ

ПРОСТОРНА И ДОБРО ОПРЕМЕНА


МОДУЛАРНОСТ

ДОБРО ДИЗАЈНИРАН И РАЗНОВРСЕН ПРОСТОР

*во зависност од верзијата
YouClip®, паметен систем за прикачување!
YouClip® е иновативен систем на точки за прицврстување (5 стандардни точки и 2 дополнителни како опционална опрема) кој ви овозможува да прикачите широк спектар на додатоци на клучните локации во внатрешноста на Bigster!  

Високи перформанси

Хибридeн и динамичен

Син модел на возилото Dacia Bigster прикажан во студиско опкружување со бела заднина.
Нов хибриден погон со 155 КС
Откријте извонредно возачко искуство со новиот хибриден погон со 155 КС! Моторот со 155 КС и вртежен момент од 205 Nm обезбедува моќност и разноврсност за секојдневно возење. Оптимизираната хибридна технологија ја намалува потрошувачката на гориво и емисиите на CO₂, што овозможува совршена рамнотежа помеѓу перформансите и грижата за животната средина.  
Погонски склоп hybrid 155 на возилото Dacia Bigster
ИНОВАТИВЕН HYBRID 155
Откријте неспоредливо уживање во возењето со новиот погонски склоп hybrid 155! Со 155 КС и максимален вртежен момент од 205 Nm*, моторот обезбедува моќност и приспособливост за секојдневно возење. Оптимизираната хибридна технологија ја намалува потрошувачката на гориво и емисиите на CO₂, обединувајќи ги перформансите и грижата за животната средина.
Погонски склоп tribrid 150 4x4 на возилото Dacia Bigster
TRIBRID 150 4X4**
Bigster претставува целосно нов погонски склоп на LPG и бензин со 6-степен автоматски менувач со двојна спојка. Моќноста од 140 КС на предната оска, во комбинација со електромотор од 13 КС на задната оска, обезбедува сестраност, сигурност и перформанси.
* Вртежен момент на електромоторот 205 Nm, вртежен момент на моторот со внатрешно согорување 172 Nm.
** Поранешен Hybrid-G 150 4x4
Погонски склопови на Bigster
hybrid 155
Технологија
Целосен хибрид (бензин и електрична енергија)

Предност
80% од времето на градско возење во електричен режим*

Батерија/досег на возење
Батерија од 230V со автоматско полнење**

Заштеда на гориво/емисии
Заштеда на гориво до 40%***
* во градски услови – Интерни тестирања засновани на фазата low од циклусот WLTC. Процентот од времето на возење зависи од реалните услови на возење.
** полнење на возилото при забрзување или забавување
*** при градско возење, во споредба со еквивалентен бензински мотор
mild hybrid 140
Технологија
Благ хибрид (бензин и електрична енергија)    

Предност
Електрична поддршка за моторот со внатрешно согорување*

Батерија/досег на возење
Батерија од 48V со автоматско полнење**

Потрошувачка на гориво/емисии
Заштеда на гориво до 10%***
* ефикасно тргнување и забрзување, поголема моќност и поекономична потрошувачка на гориво
** полнење на батеријата на возилото при забрзување или забавување
*** при градско возење, во споредба со еквивалентен бензински мотор
mild hybrid 130 4x4
Технологија
Благ хибрид (бензин и електрична енергија)

Предност
Погон 4x4 и електрична поддршка*

Батерија/досег на возење
Батерија од 48V со автоматско полнење**

Потрошувачка на гориво/емисии
Заштеда на гориво до 10%***
* електрична поддршка за моторот со внатрешно согорување = ефикасно тргнување и забрзување за поголема моќност и подобра ефикасност на потрошувачката на гориво
** полнење на батеријата на возилото при забрзување или забавување
*** при градско возење, во споредба со еквивалентен бензински мотор
mild hybrid-G 140
Технологија
Благ хибрид – систем со две горива: бензин и LPG*

Предност
Заштеда на трошоците за гориво    

Батерија/досег на возење
Комбиниран досег на возење поголем од 1.490 km**

Потрошувачка на гориво/емисии
10% помалку емисии на CO2***
* LPG = Течен нафтен гас (LPG)
** со два резервоара и автоматско или рачно префрлување на LPG
*** и 90% намалување на емисиите на ситни честички во споредба со еквивалентен бензински мотор
mild hybrid-G 140 auto
Технологија
Благ хибрид – систем со две горива: бензин и LPG*

Предност
Заштеда на трошоците за гориво    

Батерија/досег на возење
Комбиниран досег на возење поголем од 1.490 km**

Потрошувачка на гориво/емисии
10% помалку емисии на CO2***
* LPG = Течен нафтен гас (LPG)
** со два резервоара и автоматско или рачно префрлување на LPG
*** и 90% намалување на емисиите на ситни честички во споредба со еквивалентен бензински мотор
tribrid 150 4X4****
Технологија
Благ хибрид – електрична енергија и бензин/LPG

Предност
До 60 % од времето на возење во градски услови во целосно електричен режим*   

Батерија/досег на возење
Вкупен досег до 1.480 km**

Потрошувачка на гориво/емисии
До 30 % пониски трошоци за возење***
* Во градски услови. Врз основа на интерни испитувања спроведени според градската фаза (Low) од циклусот WLTC. Уделот на времето на возење може да варира во зависност од реалните услови на возење.
** Со два резервоара за гориво од по 50 литри (бензин и LPG) и електричен мотор.
*** Просечната цена на LPG во Европа на 5 мај 2025 изнесуваше 0,83 EUR, во споредба со 1,47 EUR за бензин.
**** Поранешен Hybrid-G 150 4x4
hybrid 150 4x4
Технологија
Хибрид – бензин и електрична енергија

Предност
Погон 4x4 и електрично возење

Батерија/досег на возење
Батерија од 48V со автоматско полнење*

Потрошувачка на гориво/емисии
До 60% од времето на градско возење во електричен режим**
* со два резервоара со зафатнина од 50 L за бензин и LPG и електричен мотор.
** во градски услови – Интерни тестирања засновани на фазата low од циклусот WLTC. Процентот од времето на возење зависи од реалните услови на возење.

ПОВРЗAНОСТ

Уживајте во безбедно и безгрижно возење!

Media Nav Live
Откријте го Media Nav Live, нашиот мултимедијален навигациски систем кој вклучува информации за сообраќајот во реално време и ажурирани мапи за следните 8 години.*
*од датумот на купување
10" инструмент табла
Следете ги сите информации за возењето и потрошувачката на 10-инчниот екран.
10'' мултимедијален екран
Поврзете го вашиот паметен телефон преку Wi-Fi или USB приклучоци и пристапете до вашата содржина на екранот на допир. Приспособете го приказот на најкорисните информации според вашите потреби.
Arkamis звучен систем
Пристапете до вашата омилена музика и искористете ги предностите на 3D аудио системот развиен од Arkamys®.
поврзана навигација
Вашите дневни патувања стануваат полесни со ажурирани европски мапи и информации за сообраќајот во реално време.