Концептно возило Dacia Spring

Целосно електричното концептно возило Dacia Spring е ново поглавје во успешната приказна на брендот Dacia. Продолжуваме да се трудиме да ви понудиме едноставни, достапни и издржливи возила по пристапни цени.

Првата електрична Dacia: најдобрата понуда на пазарот.

Dacia рЕволуција
Dacia рЕволуција
За да успее во својот план, Dacia одлучи да се потпре на десетгодишната експертиза на групацијата Renault, пионер и лидер во областа на електричните возила. Нашата цел е да обезбедиме одржлива и достапна мобилност за секого.

Концептното возило Dacia Spring е клучен дел од нашата визија. Сакавме да произведеме целосно електричен градски автомобил кој ги задоволува најосновните потреби и кој ги комбинира трите клучни принципи на брендот Dacia: едноставност, издржливост и достапност. Повеќе од кога било, се стремиме да ја поедноставиме мобилноста и да ја направиме достапна за што повеќе луѓе.

Сериската верзија на ова возило ќе биде пуштена во продажба во 2021 година.
Dacia Spring – првиот целосно електричен автомобил на марката Dacia
Dacia Spring – првиот целосно електричен автомобил на марката Dacia
Концептното возило Dacia Spring е вистинско електрично возило кое поставува нови трендови. Храбриот изглед и компактните димензии на теренецот го прават совршен за безгрижно секојдневно возење.

Но, тоа не е се! Концептното возило Dacia Spring го открива и новиот светлосен потпис на идните модели на Dacia. Целосните LED фарови се поставени на различни нивоа: хоризонтален светлосен потпис го краси горниот дел од предниот дел, додека четири симетрични светла се интегрирани во браникот. Четири целосни LED светла одзади создаваат светлосен ефект во форма на двојна буква Y.

Лесната и компактна сериска верзија на Dacia Spring со пет врати ќе има опсег од 200 km (WLTP*), што обезбедува безгрижно возење во и надвор од градот.

* Наведените вредности на опсегот се информативни.

Dacia останува верна на своите основни принципи

Dacia Spring Electric showcar
Едноставност
Возилата на Dacia се автентични и едноставни, дизајнирани да ги задоволат основните потреби на секој возач. Концепт возилото Dacia Spring нуди долг опсег по најприфатлива цена.
Dacia Spring Electric showcar
Пристапност
Внимателно дизајнираните возила на Dacia се лесни за користење и одржување. Тоа значи дека ви нудиме најдобар сооднос цена-квалитет.
Dacia Spring Electric showcar
Издржливост
Кога развива и произведува робусни и сигурни возила, Dacia се потпира на искуството и стручноста на групацијата Renault.

Одете од концепт во реалност!

Опсегот на возила на Dacia
Нашите автомобили Dacia
Paleta 
Dacia Duster
Dacia Duster
Најдобриот SUV