Dacia Mакедонија
Денес, брендот Dacia се издвојува како исклучително важен играч на македонскиот автомобилски пазар благодарение на едноставната политика на производство на атрактивни модели кои со богата опрема и докажана технологија преземена од Renault, обезбедуваат одлична вредност за парите.
Македонските клиенти исто така ги препознаа овие вредности, за што сведочи постојаниот растечки продажен резултат. Во последните дваесет години во Македонија се продадени повеќе од 23.000 автомобили Dacia, меѓу кои најпродаван модел е Dacia Sandero кој го возат повеќе од 7.000 задоволни клиенти. Вториот продажен хит на Dacia е теренецот Duster, со повеќе од 5.000 продадени возила. Како и во остатокот од светот, приказната за Dacia во Македонија е исто така приказна за успех: пред 10 години, Dacia го зазема 21-то место на пазарот на сите брендови, во 2022 година е на 6-то место на вкупниот пазар, додека е втор по продажба на физички лица! Со други зборови: секој втор продаден автомобил на поединци во Македонија е Dacia. Во исто време, Dacia Duster е втор најпродаван патнички автомобил во Македонија, додека Sandero е трет!