Брендот Dacia

DACIA ПОСТИГНА ПОГОЛЕМ РАСТ ВО ПРОДАЖБАТА И ПАЗАРНИТЕ УСЛОВИ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2023 ГОДИНА

Dacia продаде 171.789 возила во првиот квартал од 2023 година и забележа импресивен раст од 34,3%. Уделот на брендот на европскиот пазар на патнички автомобили се зголеми за 0,8 процентни поени на 4,6% – највисоко во категоријата на топ 30 брендови на автомобили!

Регистрирани се 68.318 возила Sandero, што е за 26,1% повеќе во однос на истиот период лани. Sandero сè уште е најпродаваниот автомобил на европскиот пазар за приватни купувачи.

Продаден во 57.660 примероци, Duster забележа раст од 23,9% во однос на првиот квартал од 2022 година, со што ја зацврсти својата водечка позиција на пазарот на теренци во Европа.