И покрај предизвиците на пандемијата, недостигот на електронски компоненти и логистичките проблеми кои продолжуваат да ја движат автомобилската индустрија, Dacia постигна неверојатен успех со продажба на 573.800 возила во 2022 година, што претставува раст од 6,8% во споредба со 2021 година. Брендот исто така, постигна значајно достигнување со продажба на 8-милионитото возило во светот од 2004 година.
Пазарите каде што е присутна Dacia забележаа пад од 5,5% во споредба со 2021 година. Одличниот резултат ја потврдува релевантноста на позиционирањето на Dacia како бренд кој нуди најдобар сооднос цена-квалитет, освежената понуда која се покажа популарна меѓу приватните клиенти исто така придонесува за сето ова. Dacia постигна рекорден пазарен удел во Европа во 2022 година со удел од 7,6 отсто од продажбата на патнички возила на приватни клиенти, зајакнувајќи ја својата позиција втора година по ред (во споредба со 6,2 отсто удел во 2021 година). Брендот постигна рекорден удел во продажба на патнички и лесни комерцијални возила* од 3,7% (+0,5 процентни поени во споредба со 2021 година) во Европа и рекорден удел во продажба на патнички возила* од 4,2% (+0,7 процентни поени во споредба со 2021 година ).