Брендот Dacia

8 МИЛИОНИ КЛИЕНТИ ОД 2004 ГОДИНА – УСПЕШНАТА ПРИКАЗНА НА DACIA ПРОДОЛЖУВА!


8 милиони. Овој број е симбол на неверојатно достигнување и извор на гордост. Имено, Dacia годинава продаде 8 милиони возила! До 2004 година беше национален романски производител на автомобили и на крајот стана важно име во Европа: Dacia претрпе радикална трансформација и напиша вистинска успешна приказна! Но кои ресурси, предности и карактеристики го опишуваат брендот Dacia? Во продолжение ви претставуваме неколку важни и изненадувачки информации за патот по кој се движи Dacia во изминатите 19 години.
СИЛА НА ДВИЖЕЊЕ
АВТОМОБИЛНИ ИНДУСТРИИ 

Dacia е бренд како ниеден друг. Во 2004 година, таа претстави нова визија за потрошувачите: со промовирање на прагматичен поглед на возилата и постојано фокусирање на она што е навистина важно, Dacia понуди најдобар сооднос на цена-квалитет. Тактиката успеа! Оттогаш, продажбата незапирливо расте, бројот на задоволни клиенти надмина осум милиони!

Но, што е тоа што го прави брендот Dacia посебен? Дознајте подолу.
ДВА ЖИВОТА, ПЕТ ЛОГОТИПОВИ
Dacia не секогаш настапувала под тоа име. 
     
Романската автомобилска марка која на крајот стана позната како Dacia е основана во 1968 година под името UAP („Uzina de Autoturisme Pitesti“), што значи фабрика за автомобили во Питешти, град кaj реката Аргеш во централна Романија, место каде е основана фабриката и денес е сместено главното седиште на брендот.

Првото лого на Dacia беше полно со локални и национални карактеристики. Планините во позадина и оддадоа почит на Романија, особено Карпатите. Во центарот се издвојуваше орелот од грбот на округот Аргес во регионот Мунтенија, каде што беше седиштето на брендот UAP. Името Dacia e инспирирано од римското име на Романија „Dacia“, првпат се појави во 1980 година на црно-бело лого.

Групацијата Renault го купи романскиот производител на автомобили во 1999 година. Во 2003 година, логото доби сина боја и го оживеа Logan (првпат претставен во 2004 година). Тоа беше првото лого на брендот кое ги надмина границите на Романија и стана препознатливо низ Европа! Неколку години подоцна, по повод претставувањето на Sandero во 2008 година, брендот претстави ново лого. Сината позадина беше заменета со светло сива, а централниот дел на штитот беше изрежан.

Во 2021 година, беше претставен нов амблем, дизајниран да ја симболизира довербата помеѓу брендот Dacia и неговите клиенти. Се состоеше од меѓусебно поврзаните букви D и C и петте букви од името Dacia, напишани во минималистички фонт за да се нагласи робусната и елементарната природа на брендот.

ВОЗИЛАТА DACIA СЕ ПРОДАВААТ ВО 44 ЗЕМЈИ

Првата генерација на моделот Logan, претставена во 2004 година, првично беше резервирана за романскиот пазар, подоцна се прошири и на источноевропскиот пазар. Со оглед на добрите продажни резултати, продажбата беше проширена и во многу други европски земји.

Тоа беше првиот чекор на брендот кон успехот.   Оттогаш, моделите на Dacia се продаваат во 44 земји во медитеранската област.


Иако матичната земја на Dacia, Романија е една од петте земји со најголема продажба, францускиот пазар е лидер во овој поглед, потоа следи Италија. Брендот станува посилен! Втора година по ред е најпродаваниот бренд на пазарот на приватни купувачи во Европа. Водечката позиција ја држи во Португалија и Белгија, додека во Франција е на третото место. Ваквиот успех му дава важност на позиционирањето на брендот Dacia и го потврдува квалитетот на нејзините возила.

БРЕНДОТ КОЈ ГО БАРААТ ПРИВАТНИ КУПУВАЧИ

Денешната понуда на Dacia се заснова на четири јасно дефинирани столбови и атрактивен дизајн, нејзиниот непобедлив сооднос цена-квалитет привлече многу клиенти! Репутацијата за брендот расте: сите во Европа знаат за брендот Dacia! Продажбата продолжува да расте. Dacia постигна рекорден пазарен удел од 7,6% на европскиот пазар на приватни клиенти во 2022 година (во споредба со 6,2% што го постигна во 2021 година).


Брендот моментално бележи најголема стапка на прилив на нови клиенти и најголем пораст на лојалноста на постоечките клиенти на пазарот. Шеста година по ред (од 2017 година), Sandero е најпродаваниот автомобил на европскиот пазар за приватни купувачи. Duster го зазеде солидно второ место во рангирањето на најпродаваните автомобили во 2022 година, од 2018 година ја држи позицијата на најпродаван SUV на пазарот на приватни купувачи.
АТРАКТИВНА ПАЛЕТА ПОЛН СО БЕСТСЕЛЕРИ

Основната понуда на брендот ги вклучува 100% електричниот градски автомобил Dacia Spring (од 2020 година), компактниот Sandero и неговата поавантуристичка верзија Sandero Stepway (од 2008 година), теренецот Dacia Duster (од 2010 година) и семејниот Dacia Jogger со седум седишта ( од крајот на 2021 година).

Седанот Logan (воведен во 2005 година) сè уште се продава во Источна Европа. Токму понудата на најпродаваните модели, овозможи брендот Dacia во 2020 година да продаде 8 милиони на возила.
До 2012 година Dacia имаше само една фабрика во Романија, додека денес има дури три. Првата фабрика на брендот беше лоцирана во Миовени, Романија и беше отворена во 1968 година. Во неа се наоѓаа производствена линија за каросерија и шасија, линија за механички компоненти, леарница и логистичка платформа. Во таа фабрика беа произведени бројни модели, меѓу кои Logan, Sandero, Sandero Stepway и Duster.

Почнувајќи од март 2019 година, фабриката во Казабланка, Мароко е целосно интегрирана во Групацијата Renault. Почна со работа во 1959 година, има линија за производство на каросеријата и ги произведува моделите: Logan, Sandero и Sandero Stepway.

Фабриката на Dacia во Тангер, Мароко, беше отворена во 2012 година. Во неа има линија за производство на каросерија, логистичка платформа и линија за производство на шасија и подсклопови. Оваа напредна фабрика е јаглеродно неутрална и не испушта индустриска отпадна вода. Ги произведува Logan, Sandero, Sandero Stepway и Lodgy.

БРЕНД СО БРОЈНИ НАГРАДИ

Иако брендот Dacia беше прославен во Европа со моделот Logan, неговиот најпродаван модел е теренецот Duster. Duster е достапен по цена на градски автомобил, неговата верзија со погон на сите тркала има можности за теренец кој е водечки на пазарот - така што не е изненадување што е главниот столб на гамата на Dacia! Овој легендарен модел е добитник на повеќе од 40 награди, меѓу кои и наградите за „Романски автомобил на годината“, „Најдобар SUV“ во Обединетото Кралство, „Најдобар семеен автомобил“ во Германија и Белгија и бројни други награди.

Jogger, семеен автомобил со седум седишта, не може да се спореди со ништо на пазарот! Тоа го потврдуваат 13-те награди што ги има освоено досега, вклучувајќи ја и наградата за „Француски автомобил на годината“ што ја доделува Аргус.
Откако го раздрма автомобилскиот пазар со своите едноставни и достапни модели, Dacia предизвика вистинска револуција во автомобилскиот маркетинг со духовити и забавни слогани.
Dacia веројатно немаше да биде толку успешна доколку не беше генијалниот маркетинг. Брендот отсекогаш знаел како да ги спои едноставноста и иновативноста и како да се дистанцира од непотребните додатоци и опрема на елегантен начин.

Dacia e паметeн бренд, исто како и нејзините клиенти! Еден од најдобрите примери за ова е предната и задната заштита на подвозјето на Sandero обоен со техника на масовно боење. Овие компоненти се резултат на сложен процес на дизајнирање: за да се спречат неправилности или дефекти во бојата, материјалот од кој е направена заштитата на подвозјето се обојува пред обликувањето! На овој начин беше продолжена издржливоста на заштитата на подвозјето, неизбежните удари и гребаници станаа практично невидливи.

Вреди да се забележат и модуларните држачи на Jogger и Duster кровот, кои може да се прилагодат во само неколку чекори. Со нив транспортот на секаков вид товар, дури и најнеочекуваниот е уште поедноставен! Држачите на кровот може да се прилагодат од надолжни до попречни и да носат товар до 80 kg (велосипеди, скии, кровни кутии итн.).

На контролната табла има и вграден држач за паметен телефон, кој се контролира преку мултимедијалниот систем Media Control и држач за паметен телефон што може да се одвојува (до екранот на Media Display/Media NAV мултимедијалниот систем) на кој секогаш ќе бидете поврзани. Овие иновативни решенија за дизајн за кои се аплицирани патенти, го отелотворуваат духот на брендот: тие се паметни, практични, едноставни и економични.

ПРОФИЛ НА КУПУВАЧ НА БРЕНДОТ DACIA

Dacia ги исполнува основните потреби на своите клиенти, за да успее во тоа мора добро да ги разбере. Подолу се дадени неколку детали за клиентите на Dacia:
  • 66% од клиентите се мажи.
  • 50% од клиентите се на возраст меѓу 55 и 74 години. 
  • Jogger привлекува помлади клиенти: 55% од клиентите на Jogger се 54 години или помлади.
  • Повеќе од 50% од клиентите повеќе не живеат со своите деца. Jogger се издвојува од остатокот од понудата - дури 47% од купувачите на овој модел имаат барем едно дете.
  • 40% од клиентите живеат на село. Купувачите на DACIA SANDERO претежно живеат во рурални области (50%).
  • Клиентите на Dacia во просек возат околу 12.000 км секоја година (во градот и на селските патишта).

Факт е дека очекувањата и навиките на купувачите на автомобили се менуваат. За среќа, Dacia е модерен бренд кој ги слуша своите клиенти и лесно одговара на идните барања за мобилност. 7. И по 19 години активно менување на автомобилската индустрија, Dacia е секогаш подготвена за нова револуција!

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ DACIA ВОЗИЛАТА