- Dacia започнува офанзива во C-сегментот и развива сопствен индустриски план кој треба да го поддржи спроведувањето на планот за производство.
- Конкурентната и високо прилагодлива CMF-B платформа му дава на брендот нов ветар во грб.
- Презентацијата на новиот модел базиран на концептниот автомобил Bigster е закажана за 2025 година, ќе се произведува во романската фабрика во Миовени.
- Производството на верзии на Jogger во мароканската фабрика во Тангер ќе започне во вториот квартал на 2024 година.
DACIA ЈА ЗАЈАКНУВА СВОЈАТА СТРАТЕГИЈА ВО C-СЕГМЕНТОТ
За време на презентацијата на стратешкиот план на Renaulution, одржана на 14 Jануари 2021 година, Dacia го претстави Bigster - концепт автомобил кој отвора нови можности за обликување на понудата на брендот, особено кога станува збор за C-сегментот. Верен на духот на брендот Dacia, концептниот автомобил Bigster е робусно и пространо возило долго 4,6 m и на клиентите им нуди сè што очекуваат од C-SUV. Нов модел базиран на концептниот автомобил Bigster треба да се појави во продажба во 2025 година.