DACIA LODGY «GLACE»: ИСКЛУЧИТЕЛНО ВОЗИЛО ЗА ПОТПОЛНО ПОИНАКВА СЕЗОНА НА ТРКАТА TROPHEE ANDROS

 

За третото учествување на трката Trophee Andros,останувајќи верна на своите вредности, Dacia крои нови правила со своето оригинално возило Dacia Lodgy «Glace». Овојпат, две возила и три одлични возачи, а тоа се: Алан Прост, Николас Прост и Евенс Стајвенарт!

 

Првата трка во сезоната 2011/2012 ќе се одржи на 3ти и 4ти декември во Вал Торенс

 

DACIA LODGY «GLACE»: СИТЕ ЌЕ ЗБОРУВААТ ЗА НАЈНОВОТО ВОЗИЛО НА DACIA


Dacia Lodgy «Glace» е помладата и бунтовна сестра на новото возило од серијата семејни автомобили што ќе биде претставена на саемот за автомобили во Женева во март 2012. Самото име потсетува на пространост и семејна атмосфера. Со сеприсутната одважност и редовното учество на најголемите спортски предизвици, компанијата Dacia одлучи нивното трето учество да биде навистина исклучителна сезона, па повторно скроија нови правила. За првпат во историјата на натпреварувањето на Trophee Andros, во трката ќе учествува MPV возило.

За малку да ја зачинат сезоната, во секоја трка на стартната линија ќе има не едно туку две возила Dacia Lodgy «Glace»: со едното од нив ќе управува Алан Прост кој се извдои со освојувањето на титулата вице-шампион во трката Trophee Andros 2010 и 2011 за управувач на возилото Dacia Duster «Ice». Со другото возило Dacia Lodgy «Glace» ќе управува неговиот син Никола Прост и Евенс Стајвенарт, тимски колега на Алан Прост со кој победи во последното винале на Stade de Franceu. Семејни и пријателски врски за семеен автомобил: соодветна врска со јасна цел: победа!

Возилото Dacia Lodgy «Glace» е посебно осмислено за оваа единствена трка за која се смета дека е една од најтешките во светот на автомобилскиот спорт. Техничките правила на натпреварување на Trophee Andros се многу строги и го ограничуваат користењето на сложени и скапи технологии на возилото што значи дека прецизно ги даваат димензиите на шасијата, менувачот или гумите, вклучувајќи ги и материјалите. Според тоа, за да биде конкурентна, Dacia се фокусираше на потрагата по едноставни, но смислени решенија во согласност со духот на марката. Во таа потрага, тие даваат предност на довербата на возилото и вештината на возачот.

На возилото Dacia Lodgy «Glace» кое по мерка е изработено од екипата составена од Tork Engineering (дизајн, производство, склопување) и Sodemo (мотор), применета е цела умешност на Renault Sport Technologies (RST). Во текот на целиот проект RST придонесува со својата техничка и спортска умешност на подрачјето на автомобилските натпреварувања: ја презема улогата на диригент совршено координирајќи ја соработката помеѓу различни технички партнери, дисциплина (дизајн и инженерство), марката на Dacia и возачот.

На возилото Dacia Lodgy «Glace» истовремено се применуваат техничките решенија тестирани на нивниот претходник Dacia Duster «Glace» и доработените елементи специфични за ова ново возило. Од техничка страна, на натпреварот Trophee Andros се дава важност на ситните детали што може да одиграат значајна улога. Искуството стекнато во претходните сезони овозможи анализа чии резултати доведоа до подобрување на следните елементи:

амортизација:
минатогодишните услови на патеката се симулирани во CERAM, за да се развијат нови приспособувања на амортизацијата на возилото врз основа на калибрирањето на управувачот,

перформансите на моторот:
од мината сезона работата на моторот се состоеше од подобрување на перформансите при низок број на обртаи. Оваа година максималната сила на моторот е зголемена.

Приближно 360.000 Dacia возила се продадени во Франција од 2005

- Лансирана во Франција во 2005, марката Dacia во период од само 6 години стана постојан учесник на францускиот автомобилски пазар.

- Приближно 360.000 возила на Dacia се продадени во тој период во Франција.

- Со пазарно учество од 3,4% на крајот на октомври 2011, Dacia е осма марка на пазарот на патнички и доставни возила. На пазарот за само патнички возила, Dacia е на петто место.

Trophee Andros – Календар на трките 2011-2012

Натпреварувањето Trophee Andros првпат е организирано во 1990 година. Dacia Lodgy «Glace» се натпреварува во класата „Silhouette“ која одредува надворешниот изглед на возилото да мора да личи на сериско возило кое е достапно на пазарот или наскоро ќе биде. Поголем дел од елементите на возилата за натпреварувања е одредена со строги прописи, на пример, цевчеста шасија, погон и управување на 4 тркала, мотор V6 3l од околу 340КЅ, менувач со 6 брзини и гуми Continental Ice Racing Contact 3.


Трки:

Трките Trophee Andros се состојат од два дена. Првиот ден е наменет на пробните возења во кои се мери времето (нема доделување на бодови), по кои следат две квалификациони трки во кои четири возила возат четири круга во кои се мери време. Резултатот на секоја трка се заснова на вкупното време за четирите круга, а само подоброто време од една трка го одредува конечниот стартен распоред за неделната финална трка. Резултатите постигнати во текот на наведените квалификациони трки носат 80% од бодовите. Вториот ден е потполно посветен на трките на 10 возила во 10 кругови. Останатите 20% од бодовите се доделува во зависност од резултатите на финалните трки.



Календар 2011-2012:

Трка Val Thorens, 03.-04. декември

Трка Andorre, 09.-10. декември

Трка L’Alpe d’Huez, 16.-17. декември

Трка Isola 2000, 06.-07. јануари

Трка Lans en Vercors, 13.-14. јануари

Трка Saint Dié des Vosges, 20.-21. јануари

Финале Clermont/Superbesse, 27.-28. јануари

DACIA LODGY "GLACE" – ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

ШАСИЈА
Вид: цевчеста, челична шасија
Амортизација: двојни горни триаголни рамена, приспособлива комбинација на опругите – амортизер Öhlins


МОТОР
Вид: VQ 30 производ на алијансата Renault Nissan, V6 24 вентили
Положба: средишен, назад
Запремнина: (cm³) : 2 987
Пречник x од (mm): 93 x 73.3
Најголема сила на kW CEE (KS): 257 (355)
Број на обртаи при најголема сила (о/мин): 7.500
Најголем обртен момент Nm CEE: 360
Број на обрати при најголем обртен момент (о/мин): 5.500


АМОРТИЗАЦИЈА

Вид: четири погонски тркала
Менувач: секвенцијален SADEV со 6 брзини
Диференцијали: напред и назад со ограничено пролизгување


КОЧНИЦИ
Напред: челични дискови ø 300 mm
Кочници: челични дискови ø 265 mm
Клешти: Beringer 4 клипа


ТРКАЛА
Фелни: 5.5’’ x 16’’ од магнезиум
Гуми: Continental Ice Racing Contact 3


ДИМЕНЗИИ / МАСА

Должина 4.001 мм
Ширина: 1.900 мм
Траг од тркалата напред/позади: 1.690 мм
Меѓуосовинско растојание: 2.500 мм
Маса: 950 кг
Резервоар за гориво: 25 литри


УПРАВУВАЊЕ
Вид: Четири погонски тркала
Хидрауличен управувач
Приспособлив систем со аголот на управување на задните тркала


ПАРТНЕРИ И СПОНЗОРИ
Eurodatacar
Renault Sport Technologies
Sodemo
Tork Engineering


Trophée Andros 2011