Duster na рели Aicha des Gazelles

Dacia Duster јуриша на терените на Мароко на релито Aicha des Gazelles


Dacia Duster, робусно, пространо и исклучително достапно теренско возило кое е предпремиерно претставено во Женева, учествува на дваесетото по ред рели Rallye Aicha des Gazelles, кое се одржува во Мароко од 15. до 28.март.


На песочните дини во подножјето на планината Атлас, Dacia Duster ќе ги покаже своите теренски особини, својата робусност и издржливост.


Екипата на Dacia исто така учествува и во предизвикот еко-возење во кое награда освојуваат првите три екипи кои во тек на релито Aicha des Gazelles ќе постигнат најниска емисија на CO2.
И двете возила Dacia Duster 4x4, кои учествуваа на релито, опремени се со дизел мотор dCi 85 со ниска емисија на издувни гасови. Dacia Duster 4x4 dCi 85 има емисија на издувни гасови од само 140g CO2/km и затоа го носи потписот Dacia eco².

Релито AïchadesGazelles е второ автомобилско натпреварување на кое учествува Dacia.  Препуштете се на авантурата со овие неколку слики или директно на блогот на интернет порталот www.renault.com (на англиски јазик). (Пристапот е овозможен и со помош на клик на иконата на Duster преку линковите во менито од десната страна).

Duster na рели Aicha des Gazelles

Претставување на двете екипи на Duster.

ЕКИПА 315

 

Зад воланот: Isabelle Charles

Isabelle Charles е родена 28.ноември 1962. Дипломирала сликарство на Ликовната академија (Ecole des Beaux Arts) во Париз, а потоа дизај на возила на Државната виша школа на применета уметност и дизајн (ENSAAMA - Ecole Nationale Supérieure des Arts Appliqués et des Métiers d’Art). Се придружила на Renault во 1989 година во Одделот за дизајн во Техноцентарот, Guyancourtu каде е предводник на проекти поврзани со дизајн на боите и материјалите на различни возила (Formula 1 …),  а неодамна и за гамата на возила Dacia и моделот Duster.
Isabelle Charles е вљубеник во рели спортот, а на релито Aïcha des Gazelles учествува по петти пат,а во 2007 година го освои десетото место (категорија 4х4).

 

Совозач: Dounia Bennani
Dounia Bennani е родена 5.мај 1969. Дипломирала на Виша школа за оптика (Ecole d’Optiques) во Казабланка и работи како оптичар во градот Meknès во Мароко. Истов така и таа е вљубеник во релито Aïcha des Gazelles и по шести пат учествува. Dounia Bennani во 2007 година го освои петото место на релито (категорија 4х4).

 

ЕКИПА 316

 

Зад воланот: Nathalie Descout
Nathalie Descout е родена 22.јануари 1982 година во Versaillesu (Франција). Дипломирала маркетинг огласување на Сеучилиштето IX Даuphine во Париз. Од 2004 до 2007 год работи во Renault Шпанија како раководител на Одделот за истражување на пазарот во склоп на Одделот за маркетинг. 2007 година се придружила на тимот на Renaultu, Boulogne Billancourtu каде и ден денес работи во одделот за светски маркетинг како раководител на светски маркетинг проекти.

 

Совозач: Dorothée Topin

Dorothée Topin е родена на 26.април 1981 година, во Maisons - Laffitte (Франција). Дипломирала маркетинг Сеучилиштето IX Даuphine во Париз. Во 2006 година се придружува на групацијата JIPO (сегашна Novedia) каде работи како маркетинг консултант специјализиран за телекомуникации.


Duster

учествува на релито Aicha des Gazelles