Ален Прост зад управувачот на тркачкиот автомобил DACIA Duster на трката Trophée Andros
Dacia, марка на Групацијата Renault, тргнува во напад на Trophée Andros, познатата трка на лед. Марка која е признаена поради своите возила со исклучителен однос на перформанси и цена, останува верна сама на себе поаѓајќи во неочекуван предизвик: спортско натпреварување на лед.
Ален Прост ќе биде зад управувачот на тркачкиот автомобил Dacia Duster. Ален Прост ја избра Dacia заради нејзините вредности како што се, едноставност, ефикасност и робусност. „ Одушевен сум што ќе можам да се натпреварувам со Dacia Duster. Се работи за ново возило и горд сум што можам да учествувам во неговата промоција во нетипично опкружување како што е Trophée Andros. На натпреварот се потпираме на Renault Sport Technologies (Renault спорт технологија) и сум уверен во можностите и надежноста на возилото, што најавува една добра сезона!“, објаснува Ален Прост.
Во таа прилика Dacia го претставува името и линијата Duster, шести модел на Марката. Ова робусно и надежно теренско возило е наменето за купувачите од целиот свет на кои им е потребно достапно теренско возило за секојдневна употреба.
Trophée Andros е нетипично натпреварување во автомобилскиот свет бидејќи ги ограничува скапите и сложени технолошки решенија, а ја нагласува ефикасноста на возилото и возачот. Dacia е марка која сака да ги прекршува правилата нудејќи нов начин на користење на автомобилите: за добиеното плаќате достапна и поволна цена.

