Продолжена гаранција

Dacia нуди продолжување на основната фабричка гаранција за вашето возило до 7 години со склучување на договор за продолжена гаранција Dacia, кој првенствено ќе ви обезбеди безгрижно возење.

Дали сакате својата Daciа со години да ја возите целосно безгрижно? Продолжената гаранција отсега ви овозможува целосно безгрижно возење!

ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА DACIA „БЕЗ ГРИЖИ”

Со продолжената гаранција на Daciа „Без грижи” можете да ја продолжите гаранцијата на произведувачот за 1, 2, 3 или 4 години и така да се осигурите од непредвидени случувања. На тој начин,стекнувате право на замена и поправка на неисправните механички, електрични* и електронски *делови на возилото. Продолжената гаранција ви овозможува и користење на помош на пат која е достапна 24 часа на ден и секој ден во неделата за подрачјето на цела Македонија и Европа.

*не важи за последните две години од продолжената гаранција


ПОСТАПКИ ПО ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА DACIA „БЕЗ ГРИЖИ”

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ГАРАНЦИЈАТА

DACIA „БЕЗ ГРИЖИ”
(фабричка гаранција)

Продолжена гаранција
5 години

Продолжена гаранција
7 години

Замена/поправка на расипани механички делови

X

X

X

Замена/поправка на расипани електронски делови

X

X

Замена/поправка на расипани електрични делови

X

X

Сервисна услуга

X

X

X

ПОМОШ НА ПАТ

Помош на пат

X

X

X

Влечна служба

X

X

X

Продолжената гаранција е врзана за возилото, што е голема предност доколку сакате да го продадете.

Продолжената гаранција е додаток на основната фабричка гаранција: вашата Dacia доаѓа со гаранција во случај на грешки при вградување или во производството. Во тој период возилото можете да му го доверите на кој било концесионер од сервисно-продажната мрежа на Daciа. Обезбедени ви се стручни поправки на највисоко ниво и со користење на оригинални делови.

Во случај на дефект со повик на бројот 003892 3181 381 достапна ви е услугата на Daciа за помош на пат 24 часа на ден, секој ден во неделата.