ЕДНОСТАВНИ И ПРАКТИЧНИ РЕШЕНИЈА ЗА БЕЗГРИЖНО ВОЗЕЊЕ

До 5 години безгрижно возење


Договорот за продолжување на гаранцијата на 5 години или до 100 000** поминати километри дава право на замена или поправка на неисправните механички, електронски и електрични автомобилски делови (заедно со извршената интервенција) освен трошоците за одржување и трошоците кои се последица на вообичаено абење*. Договорот ви овозможува и право на бесплатна помош на пат 24 часа дневно, 7 дена во неделата*.


Договорот за продолжена Dacia гаранција се потпишува во рок од 120 дена од датумот на купување на новото возило. Ислугите од договорот се нудат по истекување на редовната гаранција на производителот т.е. по истекот на 36 месеци од датумот на првата регистрација запишана во сообраќајната дозвола на возилото.


Договорот за продолжена Dacia гаранција ја зголемува вредноста на вашето возило при продажбата на возилото како користено и е преносив на новиот сопственик.


* Погледнете ги општите договорни услови кои се достапни кај вашиот овластен дистрибутер.
** Договорот за продолжеток на Dacia гаранцијата завршува кога ќе се исполни еден од двата наведени услови. Времето се пресметува од датумот на купување на возилото, а километрите се пресметуваат од нула километри.