Правни информации
- Општи услови за користење на оваа веб страница
- Право на интелектуална сопственост
- Авторски права на марката
- Лозинка и пристап
- Податоци за производите и услугите
- Податоци за услугите за финансирање
- Лични и јавни податоци
- Изјава за заштита на податоците
- Мрежни «Cookies»
- Линкови
- Ограничување на одговорноста
- Применливо право
- Ажурирање на општите услови
Овде наведените услови за користење на пишаниот материјал, листата на производи и услуги, како и материјалот од интернет страницата DACIA се правила кон кои се должни да се придржуваат сите корисници на веб страницата.
Затоа Ве молиме да се запознаете со нив за да ги избегнете подоцна несаканите евентуални недоразбирања и последиците поврзани со тоа.
Секое користење на страницата www.dacia.mk е условено со почитување на општите услови на пристап и користење кои се наведени во продолжение.
Со самиот пристап и прегледување на веб страницата се подразбира дека ги прифаќате општите услови кои се надвор од посебните договори со DACIA или со некои или сите членови во продажната мрежа на DACIA.
Оваа веб страница ја отвори DACIA исклучиво за потребите за информирање. Сите информации достапни на веб страницата се исклучиво од информативен карактер. Било кои податоци или дел од било кои податоци достапни на оваа страница не смеат да се користат во комерцијални цели нити да се дистрибуираат кон други лица, без претходна писмена согласност на DACIA.
Информациите за производите и услугите од оваа www страница подложни се на одредени ограничувања во врска со субјектите на кои таквите информации можат да бидат достапни.
Право на интелектуална сопственост
Претставувањето и содржината на оваа страница се сметаат за интелектуална сопственост на DACIA и како таква е заштитена со законски прописи кои се моментално на сила.
Содржината на оваа страница е заштитена со прописи од областа на авторските права односно правата за индустриска и/или интелектуална сопственост која припаѓа на DACIA и / или се одстапени на DACIA, а во сопственост на трети лица. DACIA исто така го поседува авторското право за уредување, избор и усогласување на оваа страница.
Моделите на возилата, цртежи, фотографии, слики, текстови, наслови, видео прикази, со или без звук и сите други документи на Интернет страницата подлежат на законските прописи во областа на авторските права, индустриска и/или интелектуална сопственост и како такви се сопственост на DACIA или на трети лица кои на валидно правна основа на DACIA гарантираат ограничено користење на оваа содржина.
Моделите на возила претставени во веб страницата заштитени се со законски прописи кои се однесуваат на авторските права односно на правата за индустриска и/или интелектуална сопственост, како и заштита на нацртите и индустриските модели.
Репродукција (дигитална или на хартија) на оваа страница, како и на прикажаните документи и моделите на возила се одобрува исклучиво за строго лична употреба, исклучувајќи било какво користење за рекламирање и / или комерцијални и/или информативни цели, согласно законските прописи во областа на авторските права на индустриска и/или интелектуална сопственост кои се моментално на сила.
Освен горе наведените одредби, секое репродуцирање, претставување, користење, делумна или потполна промена на страницата, без оглед на методот или подршката, на различните документи или моделите на возила кои ја сочинуваат, без претходно писмено одобрение од DACIA, било злонамерно или случајно, строго е забрането и претставува прекршување на основните условите за користење на материјалот на оваа страница и повлекува кривична и материјална одговорност, па таквиот причинител ќе биде кривично и материјално гонет, согласно законските прописи кои се на сила, од страна на DACIA.
Делумна или потполна репродукција на содржините, без претходно писмено одобрение од DACIA, е строго забрането, исклучувајќи ја репродуцијата извршена согласно потребите на печатот.
Со ова иствремено се согласувате на забрана за репродукција, умножување или дистрибуција на дизајнот или подлогата на веб страницата DACIA, поединечните елементи на веб страницата DACIA, дизајн на логото DACIA, без експлицитно одобрение од DACIA.
Авторски права на марката
Името на марката DACIA, логото DACIA, имињата на возилата користени во нивниот делокруг и слоганите, како и односните производи и услуги заштитени се со регистриран знак (жиг) согласно со одредбите на авторските права односно правата за индустриска и/или и авторските права односно правата за индустриска и/или интелектуална сопственост кои се на сила. Секаква репродукција, користење и/или промени направени без претходно писмено одобрение од DACIA, се смета за повреда на авторското право односно на правото за индустриска и/или интелектуална сопственост.
Споменети се и други марки, а теоретски можат да бидат откриени според првата буква. DACIA ги користи со одобрение од нивниот сопственик или како означување на производот или услугата која ја предложува DACIA.
Лозинка и пристап
Во постапката за регистрација, Вие изибирате име на корисник и лозинка. Вие сте целосно одговорни за зачувување на доверливоста на Вашата лозинка и име на корисникот. Исто така сте целосно одговорно за сите активности извршени под Вашето корисничко име. Не заборавајте да ја исклучите врската со интернет по секое користење на веб страницата.
DACIA нема да биде одговорна за било какво губење или штета што може да се случи доколку некој друг го користи Вашето корисничко име или лозинка, со или без Ваше знаење.
Податоци за прозводите и услугите
Оваа страница е едниствен начин на претставување на производите и услугите DACIA достапни во Република Македонија.
Информациите кои DACIA ги објавува на оваа веб страница се точни и издржани во времето на нивно објавување. Меѓутоа DACIA не ја гарантира точноста, вистинитоста или издржаноста на било која информација кој се наоѓа на оваа веб страница.
Карактеристиките на новите возила претставени на страницата на DACIA се однесуваат на оние возила кои се достапни во моментот на издавање или ажурирање на веб страницата. Назначените цени одговараат на моменталниот ценовник на марката DACIA. Услугите претставени на страницата се однесуваат активните членови на мрежата DACIA во Република Македонија. Назначените цени се препорачани цени.
DACIA го задржува правото да во било кое време, без претходна најава, ги ажурира или измени податоците на својата веб страница, особено оние кои се однесуваат на техничките карактеристики, опремата на претставените модели и цената, земајќи го во обзир интерактивниот карактер на страницата. За таквите промени DACIA, нејзините членови или вработени не сносат никаква одговорност.
DACIA не гарантира, ниту експлицитно ниту премолчано, вклучувајќи ја гаранцијата во поглед на употребливост односно погодност за одредена цел, ниту превзема било каква одговорност за потполност или корисност на било кои од изложените информации, систем, производ или процес.
Информациите достапни на веб стграницата не смеат да се земаат како основа за донесување значајни лични, финансиски или кооперативни одлуки, во тој поглед согласни сте да во било кој случај на неостварување на своите очекување нема да ја обвините DACIA.
DACIA не превзема одговорност за било каква штета или повреда (вклучувајќи, дирекна или индиректна, случајна, нематеријална или материјална штета, загуби или трошоци) настанати како резултат на употреба или неможност за употреба на некои информации достапни овде.
Мрежата на DACIA ви стои на располагање за сите информации, особено оние поврзани со цените, достапност на претставените модели како и најновите промени на моделите. Во тој случај ви препорачуваме консултација со со обучено лице кое ќе биде во можност да Ви даде совет посебно прилагоден кон вашата конкретна ситуација.
Податоци за услугите за финансирање
Во поглавјето за финансирање ќе сретнете услуги и цени, кои се општо дефинирани услови, а кои зависат од одобрување од страна на финанските институции. Податоците не се врзани со договор. Регистрацијата на Вашите податоци на оваа страница не претставува официјален договор и не одговара на кредитната понуда.
Само со потпишување на претходните финансиски понуди и обезбедување со потребните документи кои ја потврдуваат Вашата изјава, се овозможува на лицето задолжено за финансирање донесување на конечна одлука која се однесува на Вашето барање за финансирање. Заради интерактивниот карактер на страницата, понудите кои овде ќе ги најдете може да се разликуваат, па затоа лицето задолжено за финансирање е слободно од секаква одговорност. Понудите се важечки само при прифаќање на досието.
Лични и јавни податоци
Ве замолуваме да водите сметка за тоа дека праќањето на приватни пораки по електронски пат на Интернет може да биде небезбедно и подложно на неовластен пристап од трети лица или погрешна достава.
Голем дел од страниците можете да ги посетите без давање на било какви податоци за себе. Но, понекогаш ни се потребни податоци за да ја извршиме бараната услуга, затоа овде содржаната изјавата за заштита на личните податоци го објаснува начинот на собирање и користење на податоците во такви ситуации. Податоците кои ќе ни ги дадете се разгледуваат како поверливи согласно соодветните законски прописи во Р.МАкедонија, па затоа DACIA, нашите вработени како и членовите на нашата продажна мрежа можат да ги користат само во согласност законските одредби кои се на сила, а се однесуваат на заштита на личните податоци.
DACIA е должна да ја штити безбедноста на Вашите лични податоци. Нарочито кога е во прашање транспарентност и заштита на Вашите права, DACIA нема да ги оддаде податоците на трети лица за кои би значело Ваша идентификација, освен во случај да информацијата ја пренесете Вие самите со пополнување на формуларите на оваа страница. Податоците од личен карактер кои ни ги давате значи дека се сложувате да овие податоци влезат во базата на податоци на DACIA - Renault Nissan, Automotive Group дооел, Скупи бб, 1000 Скопје, Македонија, за да се овозможи нивно користење според законските прописи кои се моментално на сила, а кои се наведени во изјавата за заштита на лични податоци со која се согласувате со посетата на веб страницата DACIA.
На основа на датирано и потпишано писмено барање пратено на адреса Automotive Group дооел, Скупи бб, 1000 Скопје, Македонија, можете да ги искористите следните права: - Еднаш годишно, можете да добиете информација дали вашите лични податоци се процесуирани или не; - Да ја ажурирате датата на личните податоци; - Да го поништите одобрението за чување, обработка и процесуирање на Вашите лични податоци заради правни или други важни причини, кои се однесуваат на Вашата лична ситуација; Делумно или потполно комерцијално користење на податоците кои ги добивате е забрането без претходно писмено одобрение од DACIA, секретар или вработен во продажната мрежа.
Јавни податоци
Јавни податоци кои можете да ни ги испратите се однесуваат на Вашите желби, Вашите главни интереси или хоби, се користат за предложување на производ и услуга прилагодена кон Вашиот вкус и потреба. Можно е да автоматски добиваме податоци кои не се поврзани со едно лице, како што се типот на пребарувач што го користите, оперативниот систем на Вашиот компјутер или име на доменот кој го користите за пристап на нашата страница.
Изјава за заштита на личните податоци
Согласни сте и прифаќате да Вашите лични податоци и информациите кои ги дадовте се наменети за базата на податоци DACIA, во компанијата Automotive Group д.о.о.е.л., ул, Скупи бб, 1000 Скопје, Македонија поврзаните компании во Групацијата Renault како и овластените дилери и членови на Renault комерцијалната мрежа.
Податоците ќе бидат сочувани во базата на податоци DACIA - Automotive Group д.о.о.е.л., и ќе се сметаат за поверливи.
Вработените во погоре наведените субјекти и други лица кои заради природата на работните обврски имаат пристап до поверливите податоци, се обврзуваат да освен во случаите пропишани со релевантните законски прописи, нема да ги оддаваат таквите податоци на трети лица, да ги искористат против Ваш интерес, ниту пак да овозможат третите лица да ги искористат против Вас.
Согласни сте и прифаќате да Вашите лични податоци и информациите кои ги дадовте се наменети за базата на податоци DACIA, во компанијата Automotive Group д.о.о.е.л., ул, Скупи бб, 1000 Скопје, Македонија поврзаните компании во Групацијата Renault како и овластените дилери и членови на Renault комерцијалната мрежа, ќе се користат за анализа на пазарот, изработка на статистички и аналитички прикази, за достава на понуда и известувања и дека нема да се користат за други цели, освен во законот пропишани случаи или со Ваша писмена согласност.
Согласни сте и прифаќате компанијата компанијата Аутомотив Груп д.о.о.е.л., ул, Скупи бб, 1000 Скопје, Македонија поврзаните компании во Групацијата Renault како и овластените дилери и членови на Renault комерцијалната мрежа, можат да ги публикуваат и во рекламни цели резултатите добиени со анализа на пазарот, статистички, аналитички и слични прикази, а кои се засновуваат на податоците и информациите добиени од Вас. Објавените резултати во реклами ќе бидат групно прикажувани, без споменување на податоци и информации за Вас.
Мрежни колачиња – «Cookies».
Кога некој ќе ја посети страницата, мрежно колаче «cookie» се појавува на компјутерот на корисникот (ако корисникот го прифати мрежното колаче - «cookie») или е отчитано ако корисникот порано ја користел страницата.
Една од функциите на мрежното колаче - «cookie» е помош при собирање на статистички податоци за посетеноста на страницата која е горе опишана. Податоците се собираат во заеднички формулар кој никогаш не е поврзан со Вашите лични податоци. Оваа технологија ни дава информација колку корисници ги посетиле главните делови (како што се линкови или графи) на нашата веб страница.
Не ја користиме оваа технологија за да имаме пристап кон Вашите податоци кои може да се откријат. Toa претставува алат кој го користиме за евидентирање на заедничките статистики податоци за користење на оваа страница.
Можете да изберете Вашиот пребарувач да не ги прифаќа мрежните колачиња «cookies».
Ако ја изберете оваа опција, ќе видите само текст на екранот нема да имате персонализирана посета ниту пак можете да се најавите преку вашиот кориснички профил ниту да се претплатите на услугите кои се достапни на страница.
Дали сакате да ги оневозможите «Прифати Cookies» предупредување во Microsoft Explorer:
1. Кликнете View, а потоа Options.
2. Кликнете Advanced Tab.
3. Кликнете Warn пред куќичката Accepting Cookies.
Дали сакате да ги оневозможите «Прифати Cookies» предупредување во Netscape navigator:
1. Кликнете Options, а потоа Network Preferences.
2. Кликнете Protocols Tab.
3. Кликнете Warn пред куќичката Accepting Cookies.
Линкови
Доколку сакте да објавите линк кој води на вашата интернет страница морате претходно да имате писмено одобрение од страна на DACIA.
За да го сторите тоа најпрвин мора да го контактирате веб администраторот на страницата DACIA.
DACIA прави се што е во нејзина моќ како би обезбедила сигурно пренасочување кон други интернет страници чиј квалитет е докажан и во смисла да не предизвикува негативност.
Меѓутоа, нашиот линк може да ве пренасочи на било која адреса, дека веб адресите на мрежата брзо се менуваат, DACIA нема надзор на страниците кои се појавуваат и ни во кој случај не е одговорна за нивната содржина и/или ажурирање, ниту за содржината која се однесува на таа страница.
Сите делови настраницата, вклучувајќи ги и нејзините линкови, наменети се само за Вас, но DACIA не може секогаш да гарантира за содржината на секоја адреса на која ќе ве пренасочи.
Ограничување на одговорноста
Материјалот на оваа веб страница е на располагање «таков како што е» без никаков вид на гаранција, било експлицитна било имплицирана.
Корисникот има пристап кон оваа страница само на своја сопствена одговорност.
DACIA не гарантира дека оваа страница ќе биде секогаш достапна и расположива или пак дека нема да има грешки или вируси или податоците ќе бидат секогаш точни и издржани.
Ни под никој услов DACIA, нејзините вработени или членовите на продажната мрежа не се одговорни за појавените директни или индиректни недостатоци, оштетување или губење, а посебно за материјални недостатоци, губење на податоците, кои се резултат на консултација или користење на оваа страница или страниците кои се со неа поврзани.
Содржината на оваа страница не е договорно врзана
Податоците за моделите, техничките карактеристики и цените во дефиниција одговараат на дефиницијата во моментот на издавање или ажурирање на страницата.
Истите се презентирани само како индикација и не може да се сметаат како договорна понуда на производите или услугите овозможени од DACIA, нејзините вработени или членовите на нејзината продажна мрежа. Можни се грешки или пропусти.
Пристапот на производите и услугите кои се претставени на страницата подложни се на ограничувања.
Морате да водите сметка за тоа, дали законите во државата во која го остварувате контактот ве овластуваат за користење на нашата веб страница.
DACIA нема да одговара за било каква штета или повреда (вклучувајќи директна или индиректна, случајна, нематеријална или материјална штета, загуби или трошоци) настанати како резултат на употреба или неможност за употреба на информациите достапни на оваа веб страница или нешто што е на нив објавено или додадено од страна на други корисници.
Меродавно право
Со ова ја прифаќате примената на меродавното право на Република Македонија како меродавно за тумачење, примена и правно дејство на сите права, ограничување и услови за употреба на овие веб страници.
Судовите со седиште на територијата на Репулика Македонија исклучиво се надлежни за сите настанати спорови кои се резултат на употреба на предметните веб страници или оние поврзани со нив.
DACIA не гарантира дека материјалите содржани на овие веб страници се примерени или кориснички достапни на одредени локации, односно не одговара за пристап кон истите на територијата на државата каде нивната содржина е законски забранета.
Ќе се смета дека пристапот кон веб страницата на наведените локации е превземен самоволно со одговрност на корисникот според меродавното право.
Ажирирање на општите услови
DACIA го задржува правото на ажурирање или промена на условите за користење во било кое време без претходно известување. Најновата верзија на општите услови за користење може да се погледне со кликнување на линкот «Правни информации» кои се наоѓаат на дното на веб страницата.